Двојна улога на Писоњеро, ќе биде и тренер и селектор

Шпанскиот тренер Давид Писоњеро, во моменто тренер на екипата на Атлетико Реколетас Ваљадолид ќе ја комбинира тренерската работа во клубот со селекторската на клупата на репрезентацијата на Израел. 
За Писоњеро ова ќе биде само втора странска мисија во кариерата, откако претходно во 2019 година еден период беше тренер на македонскиот и тогаш европскиот првак Вардар. 
Мисијата на Писоњеро на кормилото на Израел е да ги одведе на ЕП, но тоа нема да биде лесна задача затоа што се во група со Португалија, Полска и Романија. 
Писоњеро, останува тренер на Ваљадолид каде што сезонава играат двајца македонски интернационалци, Димитар Димитриоски и Мартин Карапалески. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk