Ангеловски: Полни трибини за добар резултат

Може ли Е. Пелистер до уште еден резултатски израмент натпревар во ЛШ и треба ли мечот во Париз да биде репер за тоа што следи во ЛШ? Ладнокрвноста на ракометарите на Е. Пелистер од моментите кога се враќаше резултатиски е за посакување да се повтори. Да се постават, пак, резултатските очекувања на база на резултатот во Париз е меч со две острици.

Битола вечерва ќе види опасен тим. Берлин, како и другите германски екипи не е сѐ уште во врвна форма со оглед на Олимписките игри, близината на Бундеслигата и ЛШ и ќе му биде потребно време да влезе во својот најдобар ритам. Не значи дека не е воигран или е со тешки нозе, особено кога е нивниот најголем суперстар во прашање, а тоа е Матијас Гидсел. Берлин во првото коло на домашен терен загуби и сега му е шансата за прва победа и тоа е момент што не смее да се превиди, затоа што ќе биде мотив плус за нив.

Тренерот на Е. Пелистер, Бранко Ангеловски за добар резултат, бара и поддршка од трибините.
„Сакам да испратам повик до нашите навивачи. Би сакал натпреварот во Париз да биде само една најава за тоа што следува. Трибините да бидат полни и сигурен сум дека со нашиот осми, деветти играч можеме да повториме уште еден добар натпревар. Не можам да кажам дали Хосни ќе игра. Тој е три недели надвор од тренажен процес. Нас ни требаат шеснаесет „војници“ за противник како Фуксе Берлин “, изјави тренерот на битолскиот тим Бранко Ангеловски.