Алекс Душебаев ќе пропушти важни натпревари

photo: Viva Kielce

Полскиот вицепрвак Келце имаше успешен старт во Лигата на шампионите и го совлада тимот на Загреб со резултат 30-23 благодарение на подобрата игра во второто полувреме. Во оваа делница, пак, на теренот го немаше нивниот топ играч, Алекс Душебаев.

Поранешната ѕвезда на Вардар и освојувач на ЛШ од 2017, има повреда на мускулот. Дополнителните лекарски прегледи, пак, покажаа дека се работи за посериозна повреда и дека Алекс ќе мора да паузира безмалку два месеца. Шест до седум недели, попрецизно, е докторското предвидување. Тоа, пак, значи дека Алекс ќе пропушти важни натпревари вклучително и дуелот со Барса.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk