ПИК Сегед станува шведска колонија

photo: IHF

Паралелно со најавата дека Дика Мем би можел уште следната сезона да премине во редовите на Веспрем, се појави и секвел на информацијата, а тоа е можното заминување на актуелниот десен бек на Веспрем и тоа во редовите на неговиот најголем ривал.

Шведскиот ас Лукас Сандел кој во моментов игра за Веспрем би можел да премине во тимот на Пик Сегед според ракометните кулоари. Шведскиот тренер Микаел Апелгрин се чини има јасна визија за скандинавскиот изглед на својот тим. Таму веќе потврдено доаѓа средниот бек Јим Готфридсон најдобриот шведски ракометар во моментов, а уште двајца Швеѓани, Тобијас Тулин и Вилијам Богојевиќ, се веќе таму.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk