Станува ли реалност трансферот на Гидсел?

Германскиот Билд објави дека Матијас Гидсел е на радарот на Флензбург кој наводно треба да испрати понуда за него во 2026 година. Флензбург под договор ги има Кај Смитс до 2025 и Никлас Киркелоке до 2027.

Дали е реално Берлин да го продаде својот суперстар и тоа на ривалски клуб?

На крајот на денот, прашањето нема да биде дали Берлин ќе сака, туку дали ќе мора. Овој клуб иако стигна и до ЛШ има потенок буџет од ривалите Кил, Флензбург, Магдебург и Мелзунген. Покрај тоа, Фуксе Берлин годинава го загуби и главниот спонзор и уште три други партнери, па доколку не успее да се стабилизира, продажбата на Гидсел би можела да биде реалност, посебно затоа што се очекува отштетата да биде рекордна.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk