Норвешка веќе одбра селектор?

Оставката на Торир Хергеирсон од позицијата селектор на женската репрезентација на Норвешка и не беше големо изненадување со оглед на тоа дека тој ја вршеше таа функција цели 15 години, колку што траеше мандатот и на неговиот претходник, легендарната Марит Бревик, а годинава неколкупати меѓуредови најави дека е можно да замине.

Веројатно најпосакувана тренерска работа во женскиот ракомет е селектор на женската репрезентација на Норвешка. Не затоа што имаат тим со кој доста лесно освојуваат медали на големите натпреварување и дека ако си добар, тој мандат трае 15 години, туку целата поставеност околу нивната репрезентација е на такво професионално ниво што тренер само би можел да посака.

Арне Сенстад, Миа Хогдал, Тоње Ларсен се споменуваат, но фаворит број еден за таа позиција е Оле Густав Гјекстад, тренерот на данскиот тим Одензе. Според норвешките медиуми, се чини изборот е веќе направен.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk