Омар Јахија спречи „кикс“ на ПСЖ

Photo: PSG Handball 

По дуелот со Е. Пелистер во Лигата на шампионите кога си дозволи луксуз водството од осум гола разлика да го спасува со гол во последните секунди, ПСЖ приреди слична претстава и во домашното првенство.

Четата на Раул Гонзалез беше готова да му предаде еден бод на борбениот домаќин во Лимож, но нивното ново засилување, Омар Јахија со гол во последната секунда ги „расплака“ домашните фанови, а на ПСЖ му ја донесе (не)заслужената победа од 30-29.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk