Словенија откажа, кадетскиот мундијал оди во Египет

Словенечката ракометна федерација минува низ тежок период, со сериозни проблеми од финансиска природа поради што ја вратија на ИХФ организацијата на Светското кадетско првенство што треба да се одржи следната година. Со губењето на организацијата, репрезентацијата на Словенија го загуби своето место на СП.
Неколку федерации покажале начелна заинтересираност за преземање на домаќинството, но единствено Египет имал конкретна понуда до ИХФ, па така најдобрите кадети следното лето ќе играат во Каиро.

Македонија не се пласираше на тој мундијал со оглед на пласманот на ЕХФ Еуро 2024 одржано во Црна Гора.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk