Тримо со пораз плати за глупавиот потег на својот играч

foto: RK Trimo Trebnje

Македонскиот тренер Раде Стојановиќ има многу причини да биде лут на своите играчи, особено на поранешниот репрезентативец Дарко Цингесар кој направи глупост што екипата ја плати со пораз од ривалот Словењ Градец.
Вицепрвакот на Словенија, Тримо Требње на чија клупа е Стојановиќ во второто коло од шампионатот на домашен терен ја пречека екипата на Словењ Градец. Мечот беше тврд (двата тима имаа по 16 минути исклучување, а вкупно 3 црвени картони имаше на средбата), но во вториот дел Тримо имаше и пет гола предност (20-15). Гостинскиот состав не се предаде и успеа да ја стопи негативата. Во последната минута од пенал екипата на Словењ Градец премина во водство 27-26. Во последниот напад, на десетина секунди до крајот и Тримо изнуди пенал. Дарко Цингесар прво го промаши, но одбиената топка му се врати во раце и израмни на 27-27.
Потоа поранешниот репрезентативец направи голем „кикс“. Го блокираше додавањето на голманот кон центарот и судиите му доделија црвен картон и досудија седмерец за гостите што беше реализиран за конечна победа од 28-27.
Во актуелното второ коло киксна и екипата на Целје која одигра нерешено на гостински терен кај Рико Рибница. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk