Магдебург го сака бисерот на Фарски

Македонската публика имаше шанса да го запознае Оли Митун 19 годишниот ракометар на Фарски острови, актуелен ракометар на Севехов од Шведска.

Оли Митун е докажано еден од најдобрите млади ракометари во светот. Тој беше МВП на ЕП У18 во 2022, Ол стар играч на СП У19 во 2023, Најдобар стрелец на ЕП У18 во 2022, најдобар стрелец на СП У19 2023 и најдобар стрелец на ЕП У20 во 2024.
Од Фарски се пресели во Шведска, во екипата на Севехоф каде што играше неговиот роднина Елијас Елефсен а Скипаготу, пред да замине во Кил.
Долго се шпекулира(ше) дека Митун ќе оди во Пик Сегед, затоа што таму од оваа сезона е тренер Микаел Апелгрин кој му беше тренер и во Севехоф. Таа опција уште стои, Митун има договор до 2026 со Севехов, но неговиот прогрес го следат и други екипи.

Актуелниот првак на Германија, Магдебург наводно е новиот тим кој сака да го види Митун во своите редови и доколку тие решат да испратат понуда, тогаш можеби веќе и го знаеме следниот клуб на вонсерискиот бек на Фарски.








 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk