ДРАМА - ГРК ТИКВЕШ 31-27 (14-13)
ГРК ТИКВЕШ: Велков (5 одб), Арсиќ (11 одб) 0/2, Анастасовски 2/5, Петрески, Мијатовиќ 4/8, Темелкоски 3/5, Соколов, Кофилоски 4/6, Димовски 5/6, Лазов, Манасков 5/9, Гачевиќ 2/3, Коцев, Симиќ 0/1, Кривокапиќ 1/3, Даневски
ГРК Тиквеш со активен резултат се враќа од Грција и има солидни шанси да се пласира во второто коло од ЕХФ Европскиот Куп. Не успеја да победат денеска кавадарчаните, се враќаат дома со пораз од четири гола разлика, но тоа е достижен резултат, со оглед на тоа дека веруваме ќе биде и играчки засилен и мотивиран од своите фанови, а сигурно и Грчевски ќе има повеќе време да ги спреми играчите во пресрет на реваншот.
Израмнето беше во Драма во првиот дел, иако домашните стигнаа до плус три уште во оваа делница од натпреварот. На полувреме беше минимална разликата во полза на домашните, имаше неколку израмнувања на почетокот на вториот дел, но од 37 до 40 минута домашните од 17-17 го искористија исклучувањето на Кривокапиќ и врзаа три гола во мини серија и поведоа 20-17. Од тој момент до крајот разликата беше во рамки на 2-4 гола, за на крајот сирената да означи крај кога на семафорот беше 31-27.
Новото засилување, Николаос Критикос со седум гола беше најефикасен кај домашните. Новите засилувања Кофилоски и Димовски, поддржани од Мартин Манасков исто така добро се покажаа кај кавадарчани заедно со тандемот голмани кој успеа да собере 16 одбрани од кои 11 се дело на Арсиќ, а пет на Велков.
Поврзани вести