Втора победа за Алкалоид во новата сезона

РК АЛКАЛОИД - РК РАДОВИШ 33-23 (11-14)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Силвана Карбеска и Марија Илиева. Делегат: Љупчо Јаневски
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ, Трајкоски 1, Џонов 4, Петров, Младеновиќ 1, Серафимов 4, Карасманакис 1, Стојковиќ 4, Ѓоргиев 1, Симоноски 1, Бинго 4, Силва 4, Петковски 6, Савревски 1, Гарбески 1
Седмерци: 2/2 Исклучувања: 8 мин.
РК РАДОВИШ: Ристов, Петров, Ј. Ѓорѓиев, Постолов 6, Марковиќ, Јанковски 3, Соколов, Стојаноски 3, К. Ѓоргиев, Стојанов 2, Талевски 2, Трајанов, Ончев 5, Костадинов, Атанасов 2, Костадиновски
Седмерци: 2/2 Исклучувања: 10 мин. 

Алкалоид денеска ја запиша својата втора победа во новата суперлигашка сезона. Екипата на Радовиш беше гостин во Скопје, на натпревар на кој победникот беше лесно да се насети, иако резултатот во првиот дел беше на страната на гостинскиот состав. 
Кирил Лазаров денеска на терен испрати екипа во која ги немаше браќата Марко и Дамјан Митеви, Галевски, Костески, Маркоски, Велковски. Комбинираниот состав премногу нонашлантно, особено во одбраната го играше мечот во првото полувреме и тоа гостите убаво го искористија и по 23/24 минути игра постигнаа двојно повеќе голови од домашните и имаа водство од 12-6. Потоа почнаа да се будат и момците на Лазаров, но на полувреме остана водство за радовишани (14-11). 
Натпреварот беше сосема поинаков во второто полувреме. Алкалоид ја зацврсти одбраната, наметна побрза игра, а гостите веќе и физички не можеа да го издржат ритамот на мечот и резултатот нагло почна да се менува во полза на домашните.
Уште десетина минути траеја убавите моменти за Радови (20-19), а потоа следуваше серија од 7-0 за Алкалоид и водство од 26-20, по што до крајот рутински ги одработеа преостанатите 20 минути и стигнаа до победа од 10 гола разлика (33-23). 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk