Михаил Иваноски позајмен во Дубочица

Екипата на Алкалоид реши да го испрати младиот десен бек Михаил Иваноски на калење и помош на српската екипа Дубочица од Лесковац. Алкалоид во пресрет на сезоната го префрли Иваноски во првиот тим, но се реши за уште една позајмица.

Неодамна Алкалоид беше гостин во Лесковац каде што одигра пријателски натпревар со двократниот победник на прилепскиот меморијален турнир, екипата на Дубочица. За време на тој настан, тренерот на Дубочица побарал од Лазаров помош, играч со потенцијал што може да им помогне на десната бековска позиција. Така дојде до моментот Михаил Иваноски да замине во Србија во клуб што докажано работи квалитетно што можевме и да видиме низ настапите на оваа екипа во Прилеп. 

Доколку бидат решени административните работи, Иваноски би можел да дебитира веќе утре, во првото коло во кое Дубочича му гостува на Раднички. 
Кирил Лазаров во составот на десната бековска позиција ги има Мартин Серафимов, Мартин Велковски и Давид Савревски кои ќе ротираат во претстојното првенство. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk