Први бодови за Вардар

Вардар 1961 го совлада тимот на Бисинов Фриут Ленд 31-24 (16-14) и ги освои првите бодови во новата суперлигашка сезона. 
Вардар беше фаворити Недановски ги одмори Горига и Крсманчиќ, а велешани, пак, беа резултатски конкурентни во првото полувреме (5-5). Потоа Вардар влезе во подобар ритам и поведе со 12-6, но не се предаде гостинскиот состав. Со серија од 7-2, велешани дојдоа на минус еден гол 13-14, а на полувреме се замина со водство на домашните од 16-14.
И во второто полувреме гостите добро се држеа од почетокот, имаа 20-21 во еден момент, но потоа додаоа гас црвено-црните, следеше серија од 6-0 за Вардар, поведоа до 27-20 и мирно го приведоа натпреварот до крајот. 

Стефан Петриќ со седум постигнати голови, Милан Лазаревски со пет беа најефикасните во победничкиот состав, додека кај велешката екипа Тоше Ончев постигна шест погодоци, Филип Сиљанов беше стрелец на пет. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk