Топ 5 вести: Додиќ пак се повреди, ладење за Партизан...

photo: RSS

Нема крај на малерозната серија на Стефан Додиќ, поранешниот играч на Металург, Охрид, Вардар... Само два напада мина на теренот на Суперкуп натпреварот на Србија против Партизан и одново се повреди. По судирот со дефанзивецот на Партизан, му страдаше зглобот на ногата и сега се чека дијагноза и предвидување колку долго ќе остане надвор од теренот. 

Партизан најави четири пехари годинава, но уште по првиот официјален меч, најавата ќе се намали на три. Војводина го совлада црно-белиот тим со 24-22 во Суперкуп мечот одигран во Бања Лука и ги олади белграѓаните. Два големи пеха имаше Војводина на тој меч, веќе по два напада се повреди Стефан Додиќ, а не минаа ни две минути, а мечот заврши и за Воркапиќ кој од седмерец го погоди голманот во лице и заработи црвен картон. 

Алборг најде замена за својата прва увезда, Никлас Ландин кој ќе мора на операција и ќе паузира околу два месеца. Изборот падна на шведскиот голман Антон Хелберг кој досега настапуваше за екипата на КИФ Колдинг. 

Романката Кристина Неагу, единствениот играч кој четири пати бил избран за ИХФ играч на годината и една од четирите ракометарки кои постигнале повеќе од 1000 гола во Лигата на шампионите, официјално објави дека во јуни ќе ја заврши ракометната кариера. 

Македонскиот репрезентативец Филип Талески постигна 3 гола од 5 обиди во првата победа на Бенфика во новата сезона. Бенфика славеше победа од 31-24 на гостински терен кај Мадеира. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk