Коралес му спаси победа на Веспрем

Photo: F. Berlin

Комплетирано е првото коло од Лигата на шампионите во машка конкурнција. Двата последни натпревари се играа во Берлин каде гостуваше Веспрем и Келце каде на гости дојде Загреб. 
Драматично беше во Германија, каде што на две и пол минути до крајот Веспрем водеше со четири гола разлика (32-28). Следеше еуфоричен финиш на Германците, предводени од Милосављев на голот. Унгарскиот тим пропушти три шанси, а Берлин стигна до 31-30 и уште имаше десетина секунди време за напад за реми. Успеаја да стигнат до не многи лоша позиција за шут, биеше Ласе Андерсен, но Родриго Коралес го одбрани тој удар и им донесе два бода на Унгарците. 
Овој меч го судеше македонската двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. 

Во Келце, Загреб резултаски беше блиску до Келце повеќе од 40 минути, но потоа во еден бран Келце ги реши сите дилеми околу победникот на натпреварот. 

КОМПЛЕТНИ РЕЗУЛТАТИ 1 КОЛО
Група „А“ 
Динамо - Фредериција  37-28 (18-14)
Трастарсон 6, Кашпарек, 5, Кудуз 5 - Хенеберг 8, Певнов 4, Табоада 3
ПСЖ - Е. Пелистер  31-29 (18-13)
Шипжак 11, Стеинс 5 - Кузмановки 8, Пешевски 6
Спортинг - Висла Плоцк  34-29 (17-13)
М. Кошта 10, Ф. Кошта 6 - Дашек 7, Фазекаш 6
Берлин - Веспрем 31-32 (16-16)
Гидсел 10, Андерсон 6 - Ремили 11, Фабрегас 5

ГРУПА „Б“
ПИК Сегед - Магдебург  31-29 (17-18)

Шоштариќ 6, Фримел 5 - Магнусон 5, Вебер 5
Алборг - Нант  38-31 (16-17)
Арнолдсен 11, Бартолд 6, Турин 6 - Ривера 7, Брие 5
Колстад - Барса 30-35 (13-20)
Јонсен 6, Сондена 6 - Мем 6, Ричардсон 5, Фраде 5
Келце - Загреб 30-23 (13-13)
Карачиќ 5, Олејничак 4 - Кларица 5, Кос 5

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk