Миклер го запре Магдебург

photo: SEHA

ПИК Сегед предводен од новиот тренер, Микаел Апелгрин ја запиша првата победа во Лигата на шампионите, над првакот на Германија, Магдебргу 31-29. 
Квалитетниот и борбен натпревар мина во знакот на голманот на ПИК Сегед, ветеранот Роланд Миклер кој во игра влезе во текот на првото полувреме и запиша неверојатни 17 одбрани. Особено важни беа неговите одбрани на почетокот на второто полувреме кога во серија ги запираше нападите на германските ракометари. Магдебург во тој период речиси 10 минути немаше постигнато гол, а Сегед минусот од еден гол на полувреме (17-18) го претвори во водство од 26-20. 
Магдебург се врати резултатски во игра во финишот на натпреварот, но немаше време за пресврт, одново благодарение на Миклер, но и на одбраната со која командуваше поранешниот вардаров играч Глеб Калараш, заедно со Словенецот Борут Мачковшек. 

Од групата во која игра Е. Пелистер, екипата на Динамо Букурешт лесно ја совлада данската вајлд карта Фредериција со 37-28. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk