Не го бркаат зошто нема кој да го смени

Романските првенства секојдневно имаат во понудата некоја пикентерија интересна за ракометните фанови. Најновата е од таборот на Влчеа. 
Некогаш најславната романска екипа, веќе по второто коло сакаше да го замени норвешкиот тренер Бент Дал. Гревот на некогашниот професионален ракометен аналитичар е што во второто коло, во неколку наврати водеше и со шест разлика на дуелот со Брашов и на крајот беше поразен со два гола разлика. 
Управата веднаш сакаше да го смени тренерот кој четврта сезона е на клупата (3 место, 5 место и 6 место во првенството се неоговите остварувања). Но, на крајот, Бент Дал „куртули“, затоа што клубот нема со кого да го замени. Сакаат романски тренер, но изборот е мал, па така норвешкиот тренер засега ќе остане. 
Но, овде не е крајот, навивачите одлучија да почнат војна со клубот. Веќе нема да одат на гостувања, а на домашен терен ќе го исвиркуваат тренерот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk