Ангеловски: Покажавме карактер и квалитет

Photo: RK Eurofarm Pelister

Падна товар од плеќите на Е. Пелистер по неубедливите изданија во Македонија против Алкалоид и Тиквеш. На првото европско гостување и тоа во Париз, битолчани не беа далеку од сензација. ПСЖ славеше 31-29, а за одбележување е дека Е. Пелистер на 19 минути до крајот беше на -8, а на 19 секунди до крајот на -1. 
Резултатското враќање гледано од агол на македонскиот првак се должи на трпеливоста во играта, покажаниот карактер и квалитет. 

„Пред натпреварот ветивме борба до последната секунда. Кога ПСЖ водеше со седум и со осум гола, ние покажавме карактер и квалитет. Горд сум на изданието на моите играчи во Париз“, изјави тренерот Бранко Ангеловски по натпреварот. 

Е. Пелистер во второто коло од Лигата на шампионите на 18 септември во Битола ќе го пречека тимот на Фуксе Берлин, предводен од вонсерискиот Матијас Гидсел. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk