Долга пауза пред Ландин

Photo: THW Kiel

Екипата на Алборг се соочува со проблеми пред стартот на Лигата на шампионите. Откако летово од нивните редови во ракометна пензија замина Микел Хансен, а не успеаја да го убедат РНЛ веднаш да им го препуштат Јури Кнор, наскоро ќе останат и без Никлас Ландин. 
Најголемата данска ѕвезда во моментов ќе мора да го оперира коленото за да го реши проблемот што во прв момент не изгледаше страшно, за потоа да произлезе потреба од оперативен зафат по што ќе следи пауза од околу два месеца. 
Никлас Ландин ќе биде опериран кон крајот на месецов. Тој по Олимписките игри во Париз се повелече од настапите за сениорската репрезентација, па така следниот јануари кога Данска ќе биде и ко-домаќин на СП, Ландин нема да биде во составот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk