Нешто повеќе од два месеца не делат од стартот на Европското првенство во женска конкуренција на кое ќе учествува и репрезентацијата на Македонија.
ЕП ќе се игра во Швајцарија, Австрија и Унгарија, а македонската селекција ќе игра во Унгарија, во градот Дебрецен и тоа против домашната репрезентација, Шведска и Турција. Системот кај дамите е ист како и во машка конкуренција, двете подобри екипи одат во Главна рунда, другите две се враќаат дома.
Во пресрет на ЕП, Виена има одредено во календарот т.н. „Недела на ЕХФ“, период во кој клубовите се обврзани да ги ослободат репрезентативките.
Македонија ќе го искористи овој период и ќе одигра два контролни натпревари со репрезентацијата на Австрија на 28 и 29 септември во Брегенц, Австрија.
Селекторот Кристијан Грчевски денеска го објави списокот, повика 21 ракометарка. Најголемиот дел се интернационалки (15). Со оглед на близината на ЕП и немногу големиот избор на играчи, можеме да заклучиме дека меѓу овие 21 играч во најголем дел ќе бидат и 16-те ракометарки за краткиот спиок за ноемвриското ЕП.