Колкави се буџетите на француските клубови во 2024/25

photo: PSG Hand

Традиционално транспарентно и со отворени карти кога се работи за финансиското работење на клубовите, Французите го објавија спиоскот со буџети на своите клубови за претстојната сезона.  Просечната плата на играч е 6.5 илјади евра, на тренерите е 8.5 илјади евра.
Од вкупниот буџет, 37% се приватни инвестиции и спонзорства, а од ТВ права имаат само 4%. 
Најмногу пари и тоа двојно повеќе од третиот клуб во државата има на располагање Пари Сен Жермен. Околу 17.5 милиони евра има Раул Гонзалез за трошење сезонава во обидот да го донесе ПСЖ до шампионскиот пехар во Лигата на шампионите. 
Зад него е Нант со 10,5 милиони, а на дното на лигата е Истр со „само“ 2.5 милиони и пред него двата клуба од предградието на Париз, Иври со 3 и Кретеј со 3,5 милиони. 


1 - Paris Saint-Germain: €17,430,437
2 - Nantes: €10,564,862
3 - Montpellier: €8,971,808
4 - Limoges: €6,129,505
5 - Nîmes: €6,001,113
6 - Aix-en-Provence: €5,567,857
7 - Chambéry: €5,028,551
8 - Tremblay: €4,827,088
9 - Dunkirk: €4,638,457
10 - Chartres: €4,599,800
11 - Saint-Raphaël: €4,391,704
12 - Toulouse: €4,123,752
13 - Cesson: €4,016,750
14 - Créteil: €3,509,091
15 - Ivry: €3,094,674
16 - Istres: €2,596,626

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk