Бистрица на странски погон го реши ЧСМ Букурешт

photo: CS Gloria Bistrita

Одиграно е првото коло во Лигата на шампионите во женска конкуренција во кое централното место го зазема дуелот меѓу двете романски екипи, Глорија Бистрица и ЧСМ Букурешт. 
По 17 натпревари без победа во директните дуели, дојде крајот на црната серија на Глорија која изненадувачки триумфираше со 30-26 над фаворизираниот тим предводен од легендарната Кристина Неагу. 
Но и покрај ваквиот развој, неутралната романска публика не гледа со големо воодушевување на победата на Глорија. Ова е затоа што од 30 постигнати голови за победничкиот тим, ниту еден не беше постигнат од романска ракометарка. Во составот, со оглед на повредите, имаше само две Романки. Базалиу и Серафичеану, но тие не се запишаа на листата на стрелци.

Својот прв меч во ЛШ во дресот на Рапид го имаше македонската репрезентативка Сара Ристовска која постигна еден гол во победата над Будуќност од 30-27. 

Во првото коло од женската ЛШ се постигнати следниве резултати: 

Група „А“
Ференцварош - НФХ  31-22
Глорија - ЧСМ Букурешт 30-26
Подравка - Крим  23-24
Сторхамар - Мец 29-29

Група „Б“
Одензе - Лудвигсбург  28-22
Рапид - Будуќност  32-27
Брест - Кристијансанд  30-27
Ѓер - Есбјерг  28-26

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk