Нова ера: Нема бесплатен ракомет, нови топ селектори...

Европската ракометна федерација без големи објави и фанфари, воведе претплата на EHTV,  па отсега ако сакате да гледате меч вон официјалната ТВ понуда ќе мора да платите. Цената е e три евра за натпревар, осум евра месечно или 46 евра годишно. 

Паралелно со оваа акција на ЕХФ, во Австрија, Швајцарија и Германија почна со работа заедничка платформа и посебен ракометен ТВ канал на Плуто и ДАЗН и тие нудат бесплатно следење на многу натпревари вклучително со натпреварите од Лигата на шампионите. 

Освен новата ера за плаќање на стримовите на ЕХФ; почнува нова ера во женскиот ракомет. Еднно позанато и две легендарни имиња заминаа од селекторските функции на женските репрезентации. 
Пер Јохансон си замина од кормилото на Холандија, Оливиер Крумхолц веќе не е селектор на Франција, а последно е дека од кормилото на Норвешка заминува Торир Хергеирсон. Франција веќе ангажираше замена, а другите две топ репрезентации сѐ уште се во потрага по тренер. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk