Веројатно најтешките моменти во тренерската кариера ги преживува тренерот на Вардар, Владо Недановски по синоќешниот пораз од Алкалоид.
Очекувањата од Вардар се секогаш (нај)големи и тешко се простуваат поразите. Сигурно во големата база на фанови на црвено-црните сѐ уште има многумина и што не го доживуваат доволно сериозно Алкалоид и неговиот концепт, па тоа дава и дополнителна тежина на поразот.
Владо Недановски, по синоќешната средба изрази почит кон противникот и вината за загубените бодови ја лоцираше во грешките што ги направија неговите играчи во клучните моменти од натпреварот.
„Знаевме, а особено во Суперкупот се виде дека Алкалоид напредува од ден во ден. Тоа се виде и на теренот, сакам да им честитам. Денес беа подобри во секој сегмент од играта и заслужено нè победија.
Што се однесува до нашата игра, ние потфрливме во одбрана, онаму каде што бевме најсилни во претхдоната сезона. Примивме многу лесни голови, не им помогнавме на голманите да соберат одбрани. Кога почнавме да играме одбрана и имавме шанса да се вратиме во натпреварот, ние направивме три-четири технички грешки, а тоа не е дозволено за екипа како Вардар толку лесно да продава минути и греши. До 50. минута имав верба дека можеме да се вратиме со добрата одбрана, меѓутоа грешките го направија своето и Алкалоид заслужено победи“, изјави Недановски.
Поврзани вести