Алкалоид на стартот го победи и Вардар

РК АЛКАЛОИД – РК ВАРДАР 1961 33-30 (18-17)
Сала: Авотокоманда“ во Скопје. Судии: Михајло Илиевски и Методија Илиевски. Делегат: Драган Начевски
РК АЛКАЛОИД: Галевски (5/1 одб), Кизиќ (3 одб), Џонов, Маркоски, Костески, Младеновиќ, Серафимов, Карасманакис, Стојковиќ, Митев, Ѓоргиев, Велковски, Симоноски, Бинго, Силва, Петковски
Седмерци: Исклучувања:
РК ВАРДАР 1961: Еспиња (7 одб), Гогов (0 одб), Јагуриновски, Аларов, Стојановски, Георгиевски, Ансер, Крсманчиќ, Танкоски, Коиј, Лазаревски, Горига, Срдановиќ, Николиќ, Маргели, Ќосевски
Седмерци: Исклучувања:

Првото суперлигашко коло беше заокружено вечерва со дерби дуелот меѓу екипите на Алкалоид и Вардар 1961, одигран во салата во „Автокоманда“. Со идентични 33-30 како и на Суперкуп со Пелистер, Алкалоид го победи и Вардар. 

Првото полувреме понуди квалитетен ракомет, ниво за европски натпреварувања од двата тима. Растрачани беа на почетокот на мечот, со брз центар и транзиција, но откако Алкалоид стигна до 8-5 по 12 минути игра Владо Недановски прв повика тајм аут и го смирија ритамот гостинските ракометари.

Вардар израмни на 9-9, но контролата остана во рацете на Алкалоид кој имаше 11-9 во 20 минута, а успеа да се одбрани и со два играча помалку на терен во 25 минута (13-13), пред Вардар да поведе со 16-15 во 28 минута.
На крајот на првиот дел беше 18-17 за Алкалоид откако Никола Костески во последната секунда од мртов агол ја погоди мрежата на Еспиња.

По пет минути игра во вториот дел беше 20-20, а потоа Митев со својот шести гол и веднаш по него со два контра напади Костески и Ѓоргиев не го принудија Недановски да бара втор тајм аут при 24-21 (39 минута).
Највисоките плус четири Алклоид ги достигна во 40 минута (25-21), а во последните 10 минути од мечот се влезе со водство 29-26 и напад за домашниот тим.
Голманот Еспиња им даде шанса на гостите со одбране зицер  и тие искористија и во 55 минута намалија на 28-30. 
Галевски имаше многу важна одбрана во 58 минута кога при водство од 32-29 не дозволи ново намалување, а Митев со гол за 33-29 ја запечати судбината на Вардар. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk