Тримо и Стојановиќ елиминирани од Европска лига

photo: RK Trimo Trebnje

Раде Стојановиќ и неговиот нов тим, словенечкиот Тримо Требње не успеаја да направат втор подвиг и по реваншот против францускиот Лимож и се елиминирани од ЕХФ Европската лига во квалификациската фаза. 
Тримо го совлада Лимож со четири гола разлика на мечот во Требње, но на ревашнот до целосен израз дојде евидентната разлика во (буџет) квалитет. Францускиот тим победи со 35-24 (17-11), а во нивните редови по бројот на голови се истакнаа Максим Огандо со шест и Јусуф Фарук, Игор Турченко, Јахија Елдера и Матеј Хрстиќ со по пет погодоци. 

Екипата на Валур Рејкјавик им се приклучи на Вардар 1961, Порто и Мелзунген во групата „Ф“ во Европската лига. Исланѓаните на првиот натпревар ја совладаа хрватската Спачва Винковци со 34-29, но во Винковци уште на полувреме таа разлика се истпопи и беше 19-10 за тимот на Спачва. Но, Исланѓаните успеаја да се фокусираат и вториот дел го добија со еден гол разлика за конечни 32-24 и пласман на Валур во групната фаза. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk