Висла му зема уште еден пехар на Келце

photo: SPR Wisla Plock

Доминацијата на Келце во полското првенство е завршена. По загубениот пехар во полското првенство и во Купот на Полска минатата сезона, Келце е поразен и во полскиот Суперкуп на почетокот на новата и веќе нема активни пехари во неговата витрина. 

Суперкуп на Полска се играше во Лоѓ, а се сретнаа Висла и Келце, со подновени и изменети состави. Односот на силите, сепак, не се промени во однос на ланската година. Победи Висла 27-23 (13-10), а херој на тимот беше голманот Мирко Алиловиќ. 

Пред овој натпревар, Висла го откри и последното засилување. Се работи за продолжување на договорот на тренерот Хавиер Сабате кој долго, минатата сезона беше на раб на заминување, но ја преживеа кризата и останува тренер и во наредните четири сезони (2028). 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk