ГРК ТИКВЕШ - Е. ПЕЛИСТЕР 27-31 (15-13)
Обина 5, Атанасовски 5 - Пешевски 8, Тајник 6
Актуелниот првак едно полувреме чекореше кон нов пораз, но кавадарачни имаа победнички ритам само триесет минути, потоа битолчани ги наместија работите како што нив им одговараше.
Поведоа со 6-3 и 8-4 домашните на почетокот на натпреварот приредувајќи им на гостите нови непријатности по поразот во Суперкуп дуелот. Без Кузмановски и Хосни во составот, битолчани го имаа Жарко Пешевски како најсигурно решение и прв егезкутор, а веројатно најмногу плусови собра голманот Никола Митревски.
На полувреме беше плус два за Тиквеш, но во вториот дел, комплетно друга слика. Гостите ја средија одбраната, Митревски си беше на нивото и веднаш не само што направија пресврт, туку и стигнаа до плус од пет гола во еден момент (22-17), предност што не ја испуштија до крајот и стигнаа до првите два бода.
ПРИЛЕП - Т. ПРОЛЕТ 30-30 (18-18)
Бикоски 6, Рајатоски 5, Квастек 5 - Василевски 10, Андоновски 7, Палевски 6
Прилеп и Т. Пролет ги поделија бодовите на премиерното одмерување на силите во Прилеп. Мечот изобилуваше со неизвесност, откако во финишот на натпреварот и двата тима пропуштија шанса да ги освојат двата бода.
Претходно, скопскиот состав имаше старт и ритам што навестуваше победа (9-4, 10-5), но му дозволија на противничкиот тим да се врати во игра и до полувреме и да стигне до егал.
И во вториот дел Т. Пролет диктираше ритам и резултат, но овој пат во игра гол за гол, за на крајот семафорот да застане на 30-30 и поделба на бодовите.
РАДОВИШ - ОХРИД 18-36 (8-18)
Постолов 7, Стојановски 4 - Ојлески 7, Бојаниќ 5, Пешиќ 5
Деновите за прослава за враќање во Суперлигата се зад радовишани. Сега се судрија со новата реалност, а таа уште во првото коло им го испрати Охрид на гости. Од старт водство од 8-1 за охриѓани и натпреварот резулатски стана неинтересен.
На полувреме 10 гола предност за тимот на Алушовски, на крајот гостите постигнаа двојно повеќе погодоци од домашните.
Поврзани вести