Криштопанс, Парондо и Мораеш доаѓаат во Скопје

Македонската публика, посебно фановите на Вардар 1961, ќе имаат сезонава уште една можност да се дружат во живо со Даинис Криштопанс, Рожерио Мораеш и Гарсија Парондо, иако овој пат ќе бидат на спротивната страна на теренот.
Ова трио со екипата на Мелзунген денеска го верифукуваше пласманот во групната фаза во ЕХФ Европската лига каде што ќе играат во групата „Ф“ заедно со Вардар, Порто и веруваме вечерва ќе се потврди, Валур од Исланд. 
Мелзунген по вторпат за седум дена беше подобар од екипата на Елверум од Норвешка. Денешниот меч се играше на гости, а Гермнците славеа 36-31. Мораеш со седум гола беше најефикасен, Мандиќ постигна пет, а Криштопанс четири погодоци. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk