БУТЕЛ СКОПЈЕ - КУМАНОВО 29-12 (13-5)
Николов 6, Д. Узунчев 5 - Јакимовски 5
Екипата на Бутел Скопје со резултат повисок од очекуваното славеше победа над Куманово на првиот одигран натпревар од новата сезона.
Конечниот резултат од 29-12 (13-5) говори речиси сѐ за овој натпревар. Голманот Бојан Блажевски со 21 одбрана беше централната фигура на натпреварот, додека Филип Николов со шест и Димитар Узунчев со пет погодоци беа најефикасните играчи во победничкиот состав. За екипата на Куманово, Дамјан Јакимовски со 5(3) погодоци беше најдобриот стрелец.
СТРУГА - БИСИНОВ ФРУИТЛЕНД 30-31 (16-14)
Јанкуловски 8, Џигероски 6 - Илиев 10, Трајковски 5
Прва суперлигашка победа оствари екипата на Бисинов од Велес и тоа на гостински терен. Велешани (31-30) славеа победа над Струга, со погодок постигнат од контранапад на помалку од 30 секунди до крајот. Во текот на мечот, Струга имаше повеќе од водството. Имаа плус четири (14-10, 15-11), водеа со два гола разлика на полувреме (16-14), потоа водеа се до финишот. Бисинов израмни на 20-20, потоа неколкупати израмнуваше, но прв пат премина во водство со резултат 26-25. Струга се врати, поведе 27-26, но одново велешани врзаа два гола во серија и тоа кога беше најважно од 29-30, стигнаа до конечните 31-30.
Ивица Илиев со 10 гола беше најдобриот стрелец на мечот, а Тодор Јанкуловски од Струга постигна 8 гола.
Поврзани вести