Литванките одбраа нов селектор

photo: Rankinis.lt

Женската репрезентација на Литванија беше двапати поразена од Македонија во последните квалификации за ЕП 2024 и не обезбеди пласман на ЕП по што нивниот селектор Каролис Каладинскас поднесе оставка. Литванската федерација реши за следниот квалификациски циклус да ангажира селектор странство.
Нивниот избор е португалскиот тренер Херландер Силва (44) со кого потпишаа двегодишен договор со опција за продолжување. 
Последниот ангажман на Силва беше асистент селектор на машката репрезентација на Јужна Кореја. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk