Освои 15 медали и се повлече, а Франција најде нов селектор

foto: FF-Handball

Оливие Крумхолц е тренер чие име ќе биде репер за многу генерации што доаѓаат, а неговото ракометно наследство ќе биде предизвик и товар за секој што ќе седне на жешкото столче на женската репрезентација на Франција. 

Крумхолц во својата кариера како селектор на Франција освои дури 15 медали меѓу кои злато од СП, ЕП и ОИ. Вкупно има 5 златни, 7 сребрени и 3 бронзени медали на репрезентативно ниво. Последниот настап беше во Париз каде што освои сребро на Олимписките игри. Има полни 66 години и врвот веќе го има достигнато. Дојде времето да се составува нова екипа, нова ера, а Крумхолц нема да биде на кормилото.

Неговиот наследник се вика Себастијан Гардиу (49). Не бараше „далеку“ Франција. Гардиу беше асистент на Крумхолц цели осум години, а претходно беше тренер на Ница, Мец и селектор на јуниорската ререпрезентација на Франција, а во 2005 стана видео-аналитичар за сениорскиот тим. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk