Алборг состави тим за следниот циклус

фото: Alborg Handbold

Данскиот Алборг и германскиот Рајн Некар Ловен не се договорија околу висината на отштетата што данскиот клуб треба(ше) да ја плати за предвремена преселба на замената за Микел Хансен, германскиот репрезентативец Јури Кнор во нивните редови. 
Јури Кнор е промовиран во нов играч на Алборг, но од следното лето. Така е засега, дали нешто ќе се промени до февруари, останува на двата клуба. 

Можеби поважна работа за Алборг од трансферот на Јури Кнор е продолжувањето на соработката со двајцата нови таленти кои веќе се докажаа и на големата сцена. 

десниот бек Мадс Хоксер и централниот бек Томас Арнолдсен потпишаа нови договори и Алборг ќе биде безбеден до 2027 односно 2028 година кога се тие двајца, а во пакет и целата прва постава на бековската линија во прашање. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk