Самсоненко ќе води Ростов Дон

Сергеј Самсоненко, творецот на златната ера на Вардар има нова ракометна мисија. Од оваа сезона ќе биде претседател на женскиот ракометен клуб Ростов Дон, клуб од неговиот роден град.

Ростов Дон доминираше во рускиот ракомет во периодот од 2016-2020 кога освои четири шампионски титули по ред. Потоа на сцената се појави ЦСКА Москва која освои три шампионски прстена во последните четири сезони, оставајќи му на Ростов само еден триумф. 
Со Самсоненко на чело на клубот, ривалството и амбициите на Ростов да ја симне ЦСКА од тронот сигурно ќе станат поголеми. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk