Бисинов станува Борец

foto: FB/RK Bisinov Friut Land

Македонските градови имаат свој спортски идентитет и неретко според името по автоматизам се знае кој клуб од каде доаѓа. Така ако се спомене Битола првата асоцијација е Пелистер, Вардар е скопскиот бренд, а кога е во прашање Велес, тогаш - Борец е името со кое градот се поистоветува. 

Годинава некогашната велешка гордост, поранешниот шампион Борец го немаше на списокот на суперлигаши, а велешани го добија Бисинов Фруит Ленд. 
Нема да биде долго така, Бисинов ќе се ребрендира и во суперлигата ќе настапува како РК Борец Фруит Ленд.

Суперлигата стартува денеска, а Бисинов Фруит Ленд својот прв натпревар ќе го игра на гостински терен во Струга со почеток од 16:00 часот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk