Photo: RNL
Стартуваше најсилната ракометна лига во светот - Бундеслигата. Три натпревари се одиграа, меѓу нив и дерби мечот на кој Рајн Некар Ловен му беше домаќин на Кил.
„Зебрите“ во Манхајм пристигнаа со Андреас Волф на голот, нивното најголемо засилување, но во тимот ги немаше Билик, Скипаготу, Рајнкинд и Мрква, а голем пех плус за нив беше црвениот картон што уште во првата минута од мечот го заработи Патрик Винцек.
На спротивната страна, РНЛ се чини направи полн погодок со ангажманот на Мартиновиќ кој постигна 10 гола на дебито, а уште еден полн погодок е трансферот на Себастијан Хејман кој додаде уште шест гола за победа од 32-27. Голманот Шпет имаше 16 интервенции.
Резултатот е превисок, Кил и покрај проблемите беше во игра со последните две минути. Волф имаше 16 интервенции, а новото засилување Емил Мадсен постгина 10 гола.
На другите две среби, Мелзунген го совлада Лемго со 28-20, а Гумерзбах беше подобар од Хановер (32-28). Во дресот на Гумерзбах, вонсериско деби имаше голманот Доминик Кузмановиќ кој одбрани 19 удари. Македонскиот репрезентативец Мартин Томовски дебито во дресот на Потсдам во Бундеслигата ќе го има во недела на натпреварот со Битенхајм.
Поврзани вести