РФМ се заблагодари на Гевгелија за организација на Суперкупот

Гевгелија долго ја немаше на ракометната карта кога станува збор за поголеми натпревари било да е тоа на клупско или репрезентативно ниво. Но, покажаа поготвеност за соработка и беа центарот на македонската ракометна јавност за еден ден, овозможувајќи локалните ракометни фанови во својот град да видат две од најдобрите екипи што ги има Македонија. 
Раководството на Ракометната Федерација на Македонија преку соопштение испрати јавна благодарност до Општина Гевгелија, Градоначалникот Сарамандов и РК Партизан за беспрекорната организација на мечот од Супер-купот на Македонија што беше одигран во салата „26 Април“.


„Почитувани,

Ракометната Федерација на Македонија упатува голема благодарност до Андон Сарамандов – Градоначалник на Општина Гевгелија и РК Партизан Гевгелија, за спроведувањето и учество во организацијата на СУПЕР КУП натпреварот 2024 кој се одржа во спортската сала 26-ти Април.

Воедно изразуваме искрени честитки и пофалби во делот на организација за топлиот прием за играчите, тренерите, службениците лица и гледачите кои беа присутни во спортската сала 26-ти Април – Гевгелија .

Заедничкиот придонес на сите инволвирани чинители во ракометниот спорт, е заложба и приоритет за одржување на епитетот национален спорт број 1“, се вели во дописот од Ракометната Федерација на Македонија.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk