Е. ПЕЛИСТЕР - АЛКАЛОИД 30-33 (14-19)
Сала: „26 Април“ во Гевгелија. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Делегати: Драган Начевски и Камер Металари
Е. ПЕЛИСТЕР: Митревски, Ивиќ, Манасков 4, Цехте, Кузманоски 2, Тајник 1, Борзаш 1, Радивојевиќ 4, Кузмановски 5, Абутовиќ 2, Ѓорговски 2, Петар Атанасијевиќ, Пешевски 2, Цикатиќ, Хосни 4, Павле Атанасијевиќ 4
Седмерци: 5/6 Исклучувања: 8 мин. Црвен Картон: Филип Кузмановски
АЛКАЛОИД: Кизиќ (12 одб), Галевски (3), Џонов, Маркоски, Костески 8, Младеновиќ, Серафимов 5, Карасманакис 1, Стојковиќ 1, М. Митев 6, Ѓоргиев 3, Велковски 1, Симоноски 5, Бинго 3, Оливеира, Петковски
Седмерци: 4/6 Исклучувања: 12 мин
Актуелниот првак и актуелниот освојувач на Куп на Македонија, Е. Пелистер и Алкалоид вечерва на неутрален терен во Гевгелија во Суперкуп дуел го најавија стартот на новото првенство.
Првиот пехар во новата сезона оди во витрините на Алкалоид. Победи скопскиот тим врелиот терен и се запиша меѓу освојувачите на македонскиот Суперкуп.
Двата тима почнаа брзо, динамично, игра што беше убава за око и за што и двете екипи добиваат плусеви. Видовме убави комбинации, акции, Кизиќ и Митревски имаа убави интервенции и така беше десетина минути.
Потоа Алкалоид влезе во малку подобар ритам и поведе со 6-4, но брзо вратија битолчаните и со серија од 3-0 преминаа во водство.
Не се одлепија, Алкалоид се врати во ритам, израмни 7-7, па одново ја презема контролата.
Како минуваше времето, Алкалоид изгледаше се подобро колективно, додека пелистерци почнаа да „влечат“ индивидуално и да се вовлекува нервоза во нивните редови.
Бранко Ангеловски по 24 минути веќе го искористи и вториот тајм аут, но на семафорот преднста на Алкалоид беше плус 4.
Хендикеп плус за битолчани, Филип Кузмановски во 26 минута доби директен црвен картон.
На полувреме резултатот беше 19-14 за Алкалоид, во чии редови Костески постигна 6 гола, Марко Митев 4, Серафомов 3.
Поцрвенетиот Кузмановски беше најдобриот стрелец по 30 минути за битолчани со пет погодоци, а Радивојевиќ беше стрелец на три гола.
Веднаш во вториот дел за помалку од две минути Е. Пелистер постигна два гола и се врати резултатски во игра (16-19).
Имаше уште два зицера битолскиот состав, но Марко Кизиќ не дозволи поголемо доближување.
Битолчани ја консолидираа одбраната и натпреварот изгледаше сосема поинаку отколку првото полувреме. Брзо стигнаа до минус 3 минус 2 игра, но повеќе од тоа не успеаја да направат
Алкалоид успеа да го одржи водството, а битолчани ја загубија идејата во нападот и на крајот мораа да се помират со пораз.
Поврзани вести