Лазаров: Е. Пелистер е поквалитетен од минатата сезона

Новата сезона почнува утре со претпремиерниот натпревар на кој актери ќе бидат актуелниот првак Е. Пелистер и освојувачот на Куп на Македонија, Алкалоид.
Овие два тима ќе се сретнат на Суперкуп пресметка што ќе се игра во Гевгелија со почеток од 19:00 часот.
Овие две екипи не се сретнаа на подготвителниот период, па ова ќе биде нивната прва пресметка откако ја одбележаа ланската сезона со последните два дуела, во финалето на Куп на Македонија и последното коло кое решаваше за шампионски пехар. 

„Ќе играме со многу цврста и квалитетна екипа, а можам да кажам и многу искусна. Пред нас е тешка задача и голем предизвик. Ќе го дадеме на терен нашето најдбро во моментот и спортски ќе се надеваме на позитивен резултат. РК Еурофарм Пелистер е уште поквалитетен од минатата година и очекувам квалитетен ракомет и на Суперкупот во Гевгелија“, изјави Лазаров во пресрет на натпреварот.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk