Германците размислуваат за ПАН Европска лига

Загриженост за врвните ракометари имаат сѐ поголеми проблеми во одржување на континуитетот поради многуте натпревари и краткото време за рехабилитација и потребните реформи за ракометот да не отиде кон самоуништување е пораката што ја испрати претседателот на германската ракометна федерација, Андреас Михелман во интервју за ракометниот магазин Хендбал Вош. 
Бундеслигата е гломазна и има многу натпревари, а германските клубови паралелно играат и во ЕХФ Лигата на шампионите и Европската лига. Европските, Светските првенства и Олимписките игри се обврски плус. Сличен проблем имаат и Французите, донекаде и Данците, а другите европски нации и силни клубови се практично зависни од европските натпревари затоа што конкуренцијата на домашно тло е мала.
Михелман изјави дека размислуваат и за кратење на Бундеслигата, а како една од опциите е и формирање на Пан Европска лига. Таа би ги обединила националните првенства на повеќе држави во една лига. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk