Почина познат шпански тренер

foto: RFEBM

Шпанската федерација денеска објави непријатна и тажна вест за смртта на 64 годишниот тренер Маноло Монтоја. 
Монтоја во своето резиме како најголем клупски успех го има периодот во кој го водеше Гранољерс во славните денови на оваа екипа (Победник на ЕХФ Куп 1995 и 1996). Таму беше во два наврата, од 1992-97 и 2002-07), потоа му беше асистент на Валеро Ривера на клупата на Шпанија (2010-2013), а потоа и во репрезентацијата на Катар (2013-2018). Во 2018 замина од Катар и стана селектор на Романија, а потоа и на Иран каде работеше до 2022. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk