Партизан најави: За три години одиме во ЛШ!

photo: RKP

Со десетина нови имиња, меѓу кои и македонскиот интернационалец Бојан Маџовски, белградски Партизан ја почнува сезоната. Имавме можност да го видиме на терен во Охрид, во меѓувреме се засили и со иранскиот голман Херидарирад, а вчера ја имаше и промоцијата на новите играчи.

„Минатата година освоивме пехар, сезонава ги напаѓаме сите три. Нашиот план е во 2027 да играме во Лигата на шампионите. Не изнсувавме плановите на таа тема, но тоа го зацртавме како цел“, изјави првиот човек на клубот Миљан Жугиќ на промоцијата на екипата. 

Така Партизан си зададе две цели. Првата е да ја симне неприкосновената Војводина од тронот, а втората е доколку нема промена на системот во ЛШ, да го крене нивото до мерка да добие вајлд карта. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk