Сериозна повреда на Сташ Скубе, ќе мора на операција

Поранешниот ракометар на Вардар, Сташ Скубе имаше пех пред стартот на сезоната и ќе мине неколку месеци надвор од теренот. 
За време на тренинг сесија Скубе ги скинал вкрстените лигаменти на коленото објави францускиот весник Мидилибре. Тоа е веројатно најчестата повреда кај ракометарите, операциите се практично рутински, но времето за заздравување и рехаблитација останува најмалку шест месеци. 
Сташ Скубе нема да биде во составот на Монпеље во првиот дел од сезоната, па прашање е дали клубот ќе бара медикал џокер, затоа што сега во прв план ќе биде Килијан Вилмино кој, пак, ланската сезона во најголем дел ја пропушти поради операција на Ахиловата тетива. 
Сташ Скубе не беше дел од репрезентацијата на Словенија која стигна до полуфиналето на Олимписките игри во Париз. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk