ВИДЕО: Навивач спречи напад во последни секунди, избегната општа тепачка

Photo:CSU Suceava

Уште на стартот на првенството на Романија имаше контроверзен натпревар. Стеауа играше со Сучеава на гостински терен и во последните секунди напаѓаше за реми (37-36). 
Но, транзицијата на нивниот напад беше спречена од навивач. Еден од домашните фанови го турна рекламниот банер, а крилото Крсто Милошевиќ не ја виде паднатата реклама па падна преку неа. Двата тима одново се судрија, но сега на работ на теренот, но беше избегнат посериозен инцидент, односно општа тепачка. 
Средбата заврши со пенал за Стеауа, но гостите го промашија. 
Сучеава славеше два бода, но ќе се соочи со повисока парична казна и извесно суспензија на теренот.

Погледнете го видеото како изгледаште ситуацијата.




Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk