​Победа на Стојановиќ, Валур и Мелзунген со билет за Скопје

Екипата на Тримо Требње која од клупата ја води македонскиот стратег Раде Стојановиќ имаше убав старт на европската сезона и во квалификациите за ЕХФ Европската лига, во првиот меч на домашен терен го совладаа неколкукратно посакапиот француски тим Лимож со 32-28.

Екипите на Мелзунген од Германија и Валур од Исланд се многу блиску до моментот да им се приклучат на Порто и Вардар 1961 во групата „Ф“ од ЕХФ Европската лига. Овие два тима забележаа победи со убава разлика и имајќи предвид резултатот од првиот меч, квалитетот и рејтингот би требало да обезбедат пласман во групната фаза.

КВАЛИФИКАЦИИ ЕФХ ЕВРОПСКА ЛИГА
Резултати:
Мелзунген – Елверум 28-23
Тримо Требње – Лимож 32-28
Валур – Винковци 34-25

Бјерингбро/Силкеборг – Ференцварош 45-27
Кристијанштат – Гранољерс 29-32
Морс – Гумерзбах 22-35
Истад – Мадеира 39-31
Брага – Адемар 23-21
Криенс – Цирих 37-31

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk