Тешкиот пораз на Е. Пелистер го расипа впечатокот

фото: TV Turnir Doboj

Екипата на Е. Пелистер по двете победи, над Ц. Звезда и Татабања играше натпревар за финале на турнирот во Добој проти екипата на Загреб. 
Овој меч нема по добро да го памети Е. Пелистер. Впечатокот дека има добар тим, карактер итн. се распрсна на дуелот со загрепчаните кои славеа голема победа од неверојатни 18 гола разлика 37-19 (21-9). 
Пелистер требаше да одбрани три гола разлика за игра во финалето, но тоа беше невозможна мисија. Одбраната на Загреб со која командуваше Јаков Гојун и голманот Мандиќ комплетно го затвори својот гол, Дибиров казнуваше на спротивната страна... Што се однесува до Е. Пелистер, не трпи многу „анализи“ и објаснувања меч што завршил со речиси 20 гола разлика. Резултатот кажува повеќе од секакво објаснување. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk