Ракометната федерација на Македонија (РФМ) денеска одржа редовно годишно собрание, во пресрет на стартот на новата натпреварувачка сезона.
Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, ја резимираше претходната сезона, активностите на националните тимови и со посебен осврт на У20 Светското првенство што летово се одржа во Скопје, десеттото меѓународно натпреварување што го организираше оваа раководна структура на РФМ.
Тој објави повеќе детали меѓу кои и податокот дека на име на судски и делегатски такси се исплатени 11.909.000 денари, а тоа се средства што во минатото го плаќале клубовите, а сега е товар на РФМ.
119 милиони денари беше буџетот на РФМ минатата година, финансиското работење контролирано од незавсен ревизор, а целиот финансискиот извештај беше уредно презентиран и едногласно усвоен од делегатите на собранието.
Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, ја најави и следната седница на Собранието, таа ќе биде организирана во втората половина на февруари или почетокот на март следната година и најави дека тој нема да биде кандидат за претседател.
Под точката „разно“, судиите и делегатите побараа за 50проценти, повисоки такси за следната сезона. Се дискутираше за тоа, иако одлуката ќе биде донесена на Управен одбор.