Кадетите во квалификации, Македонија е на 18 место

foto: Rokometna zveza Slovenije/Slavko Kolar

Европската ракометна федерација го објави летниот ранкинг на младинските репрезентации што се базираше на резултатите остварени на кадетските и јуниорските првенства одржани летово.

На вкупниот ранкинг, Македонија е на 18 место. А поделено, во машка конкуренција е на 13 место.
ЕХФ со актуелниот ранкинг не прецизираше, но приказната натаму би требало да се одвива на следниов начин. Кога во следниот кадетски циклус ќе се одделат тие што имаат директен пласман од тие што ќе играат квалификации, Македонија ќе биде меѓу тие што ќе играат квалификации. 
Првите осум репрезентации вклучително домаќинот, обезбедуваат директен пласман на Кадетското ЕП 2026, другите ќе играат во квалификации што ќе бидат составени од четири групи со по четири екипи. Првите две од секоја група ќе се пласираат на ЕП. Македонија во овие квалификации би требало да биде во вториот шешир. 
Истото се однесува и до кадетките кои се на 19 место во ранкингот во женска конкуренција, со тоа што би биле во трет шешир во квалификациите. 
Јуниорите обезбедија опстанок за следното ЕП. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk