Гранољерс со трет тим играше со Барса и „настрада“

Photo: FC Barcelona

Екипата на Барса го освои Суперкуп Каталонија со победа над локалниот ривал, тимот на Гранољерс. Помалиот клуб реши на Барса да и се спротивстави со вториот, па дури и третиот тим како што го оквалификуваше „Марка“ и тешко настрада 27-52. 
Барса со оваа победа го освои својот 24 пехар во натпреварувањето, прв оваа сезона. Гранољерс, пак, ги зачува главните сили за квалификациите за ЕХФ Европската лига што почнуваат викендов, а таму ќе се сретнат со екипата на Кристијансанд од Шведска. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk